Албанија регистрира црн месечен рекорд на починати од Ковид-19

Од:

Албанија во изминатиот месец бележи највисоки бројки од секој апсект на пандемијата со Ковид-19.

Официјалните податоци, кои секојдневно ги објавува Министерството за здравство, само во февруари животот го загубиле 406 лица, а притоа е регистрирана и најмладата жртва во земјата, 18-годишник, кој не боледувал од други болести.

Ако се има предвид податокот дека од почетокот на пандемијата, во земјата како последица од опасниот врус починале 1.796 лица, тоа значи дека во февруари се 25 отсто од вкупно почнатите. Највиска бројка, односно 21 починат е регистрана на 25 февруари.

Минатитот месец забележана е и рекордна бројка на новозарзени на месечно ниво или 29.040, со негативен рекорд од 1.239 на девети февруари.

Досега во Албанија направени се 466.785 тестови, позитивен резултат е добиен кај 107.167, оздравеле 69.773, активни на болеста се 35.598 а починале 1.796 лица.

Во земјата на 11 јануари почна имунизацијата со која до вчера беа опфатени 13.495 лица, главно здравствени работници и постари лица од 80 години.

Денеска треба да приситигне нова пратка од 15.000 вакцини од компанијата Фајзер, со која Албанија има договор за вкупно 500.000 дози, додека поради влошената епидемиолошка состојба Комитетот на експерти за справување со пандемијата се очекува да донесе нови ограничувачки мерки.

Би можело да ве интересира

Во Драч запленети 140 килограми кокаин скриен во контејнер за банани

Србија се поблиску до колективен имунитет, вакцинирани речиси три милиони граѓани

А1он

Бразил е во „вистински пекол“ со коронавирусот, алармира СЗО

Жарко Настоски

Унгарија: Светска и олимписка шампионка во стрелаштво почина од Ковид-19

Жарко Настоски

Актерот Бенeдикт Камбербач е уверен дека тој бил нултиот пациент со коронавирусот

Жарко Настоски

Србија размислува за воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници

Ана Ололовска