Албанија пред ново заострување на мерките, се зголемува времетраењето на полицискиот час

Од:

По повеќедневниот зголемен број на новозаразени, што надминува илјада случаи и високиот број на хоспитализирани, што услови отворање во Елбасан на третата регионална ковид болница, Албанија е пред ново заострувањ ена мерките и продолжување на времетраењето на полицискиот час.

За тоа одлука денеска треба да донесе Комитетот на експерти, а се дознава дека полицискиот час ќе биде зголемен за два часа и тоа од 18 до 6 часот.

Полицискиот час во земјата повторно беше воведен на 11 ноември и тоа од 22 до 6 часот наутро, а поради влошената епидемиолошка состојба на 10 овој месец времетраењето беше зголемено и тој почнува во 20 часот.

Индиректна најава за тоа е денешната објава на министерката за здравство Огерта Манстирлиу, во која таа искажува признание за белите мантили за нивната пожртвуваност и побара поголема солидарност од граѓаните.

„Благодарност за пожртвуваноста, трпеливоста и посветеноста на целиот медицински персонал што е на првата борбена линија со Ковид-19. Тешкиот период низ кој минуваме не повикува на поголема солидарност, да им пружиме рака на лекарите и медицинските сестри насекаде во Албанија, почитувајќи ги анти-ковид правила за да се скинат што повеќе алки од синџирот на инфекции“, напиша Манастирлиу.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија