Албанија пред казна од 100 милиони евра поради раскинат договор за концесија на Драч

Од:

Албанија ризикува да добие нова казна од над 100 милиони евра од Арбитражниот суд поради раскинат договор за концесија.

Станува збор за договорот со турската компанија „Курум” потпишан во 2011 година за 30-годишна концесија за управување со контејнерскиот терминал во пристаништето Драч.

– Во 2017 година, Дамијан Ѓикнури, тогашниот министер за енергетика и индустрија побара откажување на концесијата со отворање судски предмети поради неисполнување на договорните услови од страна на компанијата. И Управниот и Апелациониот суд го потврдија правото на Министерството да го раскине договорот, јавија албанските медиуми

Неговата наследничка, министерката Белинда Балуку, на 3 февруари 2020 година, побарала извршителите да ја отстранат турската компанија од пристаништето Драч.

-За овие дејствија турската компанија поднесе тужба во арбитража на 23 септември 2020 година. Арбитражниот суд во САД започна процес на администрирање на доказите и документацијата на досието. Ова е последниот процедурален чекор, за потоа да се премине на процесот на разгледување на тужбата и конечно донесување на одлуката, наведуваат медиумите.

Казната за Албанија во случај на губење на случајот може да ја надмине бројката од 100 милиони евра, имајќи ги предвид трошоците за одбраната.

Терминалот за контејнери веќе е даден под концесија на компанија регистрирана во Малта „Hili Company Limited”која отворила компанија во Албанија.

Со договорот потпишан на 8 март 2021 година, концесијата и беше доделена на новата компанија за 3,8 милијарди лека или 32 милиони евра за пет години.

И оваа компанија ќе треба да замине од таму заедно со целиот процес на товар и истовар на контејнери, бидејќи пристаништето во Драч со новиот проект ќе се претвори во пристаниште за јахти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија