Албанија одбележува 110 години независност

Од:

Албанија денеска ја слави 110-годишнината од прогласувањето на независноста.

Одбележувањата со разни активности почнаа уште на 22 ноември кога се одбележува денот на албанската азбука, не само во Албанија туку насекаде каде што живеат Албанци под мотото „Недела на ноемвриските празнувања“.

Денеска во Валона, каде што е прогласена независноста, беше подигнато албанското знаме во присуство на државниот врв на Албанија и на Косово.

Вчера во Тирана за првпат се одржа заедничка седница на албанскиот и косовскиот парламент, деновиве беше одржана средба на градоначалниците од сите „албански општини од регионот“ а во Валона изминатите денови се одржуваа спортски натпревари со учество на екипи и од Косово и Северна Македонија. Низата културни настани ќе бидат заокружени денеска со концерт на познатата Дуа Липа, која од вчера поседува и албанско државјанство.

На 28 ноември 1912 година, Исмаил Ќемали, во Валона, го развеал знамето, прогласувајќи ја Албанија за суверена и независна држава. 28 ноември е познат како Ден на знамето за сите Албанци каде и да се.

Со актот на Декларацијата за независност на Албанија, претседателот на привремената влада Исмаил Ќемали ги

запознал шесте големи сили: Англија, Италија, Австро-Унгарија, Франција, Германија и Русија.

Биле известени и балканските држави: Романија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Грција и Турција, барајќи од нив да ја признаат независноста, како природна последица на волјата на албанскиот народ. Исмаил Ќемали на 28 ноември бил прогласен за претседател на Собранието и прв претседател на владата на албанската држава. Била прогласена независност на сите албански територии и избрани министри од сите нив.

-Актот за прогласување на независноста претставува еден од најважните настани во историјата на албанскиот народ. Тоа беше плод на вековните напори и војни на Албанците, за заштита на територијалниот интегритет на татковината и за формирање на независна албанска држава. Со одлуката на Собранието на Валона, албанската нација го доби своето непобитно право да биде слободна и независна, рамо до рамо со другите нации и народи во Европа. Декларацијата за независност беше голема победа на Албанците против антиалбанската политика на соседните балкански монархии, против намерите на нивните планови за целосно распарчување на Албанија, наведуваат албанските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија