Албанија: Нема кандидатура за претседател, утрешниот прв круг на гласање пропадна

Од:

Пропадна првиот круг на гласање за нов претседател на Албанија, предвиден за утре попладне, откако претставниците на парламентарните групи не постигнаа договор за консензуален кандидат.

Како што јави дописничката на МИА од Тирана, денеска до 16 часот беше крајниот рок за доставување предлог- кандидатури со потписи на 20 пратеници, но официјално не е поднесена ниту една.

По утрешната посебна пленарна седница во 17 часот страните ќе ги продолжат разговорите, а вториот круг на гласање треба да се одржи на 23. овој месец.
Демократите бараат аполитички кандидат, додека другите две пратенички групи се против тоа, сметајќи дека тоа е тешко да се реализира.

За избор на шеф на државата Уставот предвидува пет кругови на гласање. Во првите три потребно е кандидатот за претседател да добие поддршка од 84 пратеници од вкупно 140 колку што брои Парламентот. Во следните два, претседател се избира со просто мнозинство, односно 71 глас.

Мандатот на актуелниот претседател, Илир Мета, завршува на 24 јули.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија