Албанија: Неколку општини без градоначалници, власта ја префрла топката кај претседателот Мета

Од:

Албанските општини Скадар, Вора и Драч веќе со месеци се без градоначалник, а владејачката Социјалистчка партија за тоа топката ја префрла во рацете на шефот на државата, Илир Мета.

Координаторот на парламентарната група на владејачките социјалисти Таулант Бала во изјава за медумите го повика Мета да реагира.

-Ова е во надлежност, единствено, на претседателот. Тој на крајот на август 2019 година беше известен од префектот на Скадар за ослободеното градоначалничко место, кој при тоа побара објавување на датум за предвремени избори. Истата состојба е и во другите случаи. Се надевам дека претседателот ќе најде моментот да се огласи и во согласност со законот, да ги декретира датумите за избори во трите општини, изјави Бала.

Градоначалникот на Скадар, Валдрин Пјетри, не ни седна во градоначалничката фотелја, бидејќи по обвинувањата на опозицијата за криминално досие, се повлече со цел „како обичен граѓанин да ја докаже невиноста“.

Под исто обвинение, но кое обвинтелството го потврди за Агим Кајмаку, и општина Вора од пред неколку месеци е без градоначалник.

Пристанишниот град Драч, без градоначалник остана на први декември, кога градоначалничката Валбона Сако, поднесе оставка по невидениот гаф околу бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес од 26 ноември. Сако, веројатно по грешка изјави дека тие се задоволни со 50 жртви.

-Ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од 1000, рече Сако.

Поднесувајќи ја оставката таа се извини поради изјавата, која ја објасни како последица на премореност и стрес.

Како ќе реагира Мета останува да се види, но треба да се има предвид фактот дека тој уредбата за одржување на ланските локалните збори на 30 јуни ја повлече и ги презакажа за 13 октомври. Владејачкото мнозинство тоа не го почитуваше , а поради фактот што главната опозиција ги бојкотираше изборите, од 61 градоначалничко место дури 60 ги освоија кандидати на Социјалистичката партија.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија