Албанија: Најмалку 20 загинати и речиси 600 повредени

Од:

Во земјотресот што ја погоди Албанија утрото загинаа најмалку 20 луѓе, меѓу кои и две деца, и повредени се речиси 600, јавија албанските медиуми.

Земјотресот беше со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала со епицентар меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси.

Во меѓувреме продолжуваат спасувачките операции.

Премиерот на Албанија Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша се во посета на подрачјата на Драч и на Тумана што најмногу беа погодени од земјотресот. Баша го повика Рама без одлагање да прогласи вонредна состојба во државата.

Во придружба на вицепремиерот Ерионa Брaче и министерот за внатрешни работи Сандрер Леша, Рама се состана со локалното население чии куќи се урнати во силниот земјотрес.

– Денес, повеќе од кога било, ние стоиме со семејствата на оние кои ги загубија своите најблиски во оваа природна непогода, рече Рама.

Премиерот им упати длабоко сочувство, уверувајќи ги сите на кои членовите на семејството се уште им се заробени под урнатините дека властите прават се што е потребно за да се спаси секој човек.

Тој рече дека досега од урнатините е спасено 41 лице.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија