Албанија на британскиот список „безбедни земји“, барателите на азил побрзо ќе бидат депортирани

Од:

Барателите на азил кои пристигнуваат во Велика Британија од земји кои британското Министерство за внатрешни работи ги смета за безбедни набрзо ќе бидат депортирани, според новите планови на британската Влада, јави Топ чанел.

Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман, на списокот на безбедни земји, каде што на оние кои доаѓаат од тие земји не им е дозволено да бараат азил, ја вклучи и Албанија, од каде има голем раст на бројот на лица кои илегално влегуваат на британска територија.

Албанските граѓани сочинуваат 12.000 од 43.000 лица кои досега оваа година го поминале каналот со моторни чамци.

„Владата, почнува со новата политика на лабуристите, која ги става земјите на белата листа на безбедни и ги обработува барањата за азил од нив во рок од 20 дена. Списокот ги вклучува сите земји на ЕУ, како и Албанија, Северна Македонија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Индија, Монголија, Јужна Африка, Јужна Кореја и голем број јужноамерикански земји“, наведува телевизијата.

Исто така барањата за азил од земјите од „белата листа“ би се сметале за „неосновани“ само доколку постои конкретна причина за нивно прифаќање.

„Плановите се дел од напорите на министерката Браверман да го намали бројот на лица кои го минуваат каналот со моторни чамци. Измената, исто така, ќе го рационализира владиниот процес за барање азил, каде барањето обично трае повеќе од една година“, посочи Топ чанел.

Браверман претходно, пред британскиот Парламент изјави дека доколку опозициската Лабуристичка партија „би била на чело, тие ќе им дозволат на сите албански криминалци да дојдат во оваа земја“, на што остро реагираше премиерот Еди Рама.

Тој ја нападна Владата на Велика Британија, велејќи дека Лондон мора да престане да ги обвинува Албанците за сопствените „неуспеси во политиката“, како укор на „лудото“ резонирање на британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски