Албанија: Мета и Рама во нов конфликт околу поморската граница со Грција

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама му одговори на претседателот Илир Мета во врска со прашањето за проширување на поморскиот појас на Грција од шест на 12 милји во Јонското Море.

Мета претходно истакна дека за каков било развој, што е директно поврзан или влијае на процесот на преговори за разграничување на морскиот простор меѓу двете земји, бара исцрпна информација и целосна анализа на албанската Влада, согласно одговорностите што и припаѓаат со закон.Тој уште категорично додаде дека „нема да дозволи никакви закани по националните интереси“.

Рама во објавата на Твитер, Мета и главните политички ликови во замјата ги нарече злобници, а „вистината за границата е јасна како сон оти ќе се оди на суд“.

„Илир Мета добро ја разбрал чувствителноста на граѓаните за одлуката на грчките власти да го користат меѓународното право за морето и можните последици што оваа одлука може да ги има за нашата земја! Всушност, не, Илир Мета продолжува да бара плоштад за ЛСИ (Движењето за социјалистичка интеграција чиј лидер беше пред да биде избран за шеф на државата). Само злобници како Сали (Бериша) и Илир и нивните следбеници со Лули (Љуљзим Баша) и Моника (Круемади) на чело, можат да побараат плоштад за да парадираат до морето, додека вистината е јасна како сончевата светлина: Албанија и Грција не постигнаа никаков договор и затоа ќе оди на суд“, напиша Рама.

Додава дека одлуката на Грција за која станува збор нема никаква врска со спорната област меѓу две земји.

„ Во таа област принципот 12 милји е едноставно физички невозможен според Конвенцијата каде што овој принцип не е можно да се спроведе, или се постигнува договор или оди суд“, наведува Рама.

Во првата реакција на Рама по низата обвинувања дека ги предал националните интереси, возврати дека морето не и е отстапено на Грција, туку дека „соседната земја ја искористила можноста на правото што и е признато“.

Грција, рече пред два дена Рама, го искористила ова право неодамна, како што Албанија го направила тоа во 1990 година и оти сите реакции се екстремна глупост за лична корист.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето