Албанија ќе набави шест дрона „Бајрактар“

Од:

Албанија ќе набави дронови „Бајрактар“, кои според премиерот Еди Рама, ќе се користат за контрола на територијата на земјата.

Гостувајќи во емисијата „Опињон“ додаде дека за тоа веќе разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Разговаравме за неопходноста од беспилотни летала и сме пред финализирање на договорот да добиеме вооружени дронови „Бајрактар“, рече Рама.

На прашањето дали истите ќе ги плати Албанија бидејќи се многу скапи, тој со одговор: секако дека ќе ги платиме, тие се со разумна цена.

-Во пакет се, ќе набавиме 6 вооружени дронови и ќе служат за цивилни цели, за контроли на територијата на целата наша држава, за дивоградби, за шуми, за потера по барани лица, за одгледување дрога итн, додаде Рама.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија