Албанија ќе го легализира канабисот за медицински цели

Од:

Албанија ќе им се придружи на земјите каде канабисот е легализиран за медицински цели.

Најава за тоа дојде од премиерот Еди Рама при презентирањето на резултатите од електронски спроведената национална консултација на која на повеќе прашања одговараа албанските граѓани во и надвор од замјата.

Според резултатите, од над пола милион граѓани, кои се вклучиле во анкетата, 60 отсто гласале “за”легализација на канабисот за медицински цели, додека 29 отсто биле против.

– Ќе го легализираме канабисот за медицинска употреба, што значи отворање нови работни фронтови, со цел економски раст. Тоа што го кажаа граѓаните ќе се направи, рече Рама.

Албанија според сите релевантни институции се смета за најголем производител на канабис не само во регионот, туку и во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов