Албанија ја отвори четвртата ковид болница

Од:

Поради трендот на зголемување на бројот на заразените со Ковид-19, посебно на лицата на кои им е потребно болничко лекување, албанските власти ја отворија четвртата ковид болница, каде се хоспитализирани првите пациенти.

-Ја отворивме болницата Ковид-4 по интензивна работа во изминатите денови. Опфаќањето на четири болници е дел од нашата стратегија. Ова се случи како последица на зголемувањето на бројот на пациенти и пополнувањето на капацитетите во останатите три болници. Ова е последователна структура што се става на услуга на граѓаните, вели Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита во видеозапис што го објави на социјалните мрежи.

Во оваа болница на располагање има 100 кревети и по нејзиното отворање, според министерката, се подготвуваат и за други сценарија за олеснување на здравствениот систем и во служба на граѓаните.

-Работиме на отворање на ковид центри во регионалните болници, како дел од планот од самиот почеток, за справување во периодот есен-зимата. Со посветеност на медицинскиот персонал, со трпеливост и солидарност на сите, заедно ќе ја добиеме оваа војна со невидливиот непријател, порачува министерката.

Трите ковид болници, односно Инфективната клиника, болницата „Шефќет Ндроќи“ и онаа во поранешното хируршко одделение во универзитетската клиника „Мајка Тереза“, располагаат со 500 болнички кревети.

Од неодамна во континуитет бројот на заразени се зголемува а со тоа и на оние на кои им е потребен болнички третман.

Лекари непосредно ангажирани во лекувањето на ковид пациенти бараа отворање на четвртата болница, бидејќи, како што тие тврдеа „болни во тешка форма на болеста, остануваат во амбулантни возила, каде им се дава потребната услуга, до ослободување легло во болниците“.

Во последните десетина дена, во зависност од бројот на направените тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 545 до 835, но процентот е константен 30 отсто од тестраните.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија