Албанија ја одбележа 78-годишнината од ослободувањето

Од:

Албанија денеска го одбележа Денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација.

По вчерашното одбележување на Денот на независноста, денеска претседателот Бајрам Бегај, претседателката на парламентот, Линдита Никола и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, оддадоа почит на народните херои и паднатите борци со полагање венец на споменикот „Мајка Албанија“.

-Им оддаваме почит на сите херои и паднати борци на Албанија кои ги дадоа своите животи за да ја заштитат земјата од нацистичките окупатори. Изразувам најголема благодарност пред нивниот спомен, рече Бегај.

Првата парламентарка, Никола, најпрвин со порака на социјалните мрежи го честиташе 29 Ноември, Денот на ослободувањето на татковината, каде напиша дека „вредностите на антифашизмот и слободата се неприкосновени и се темел на демократско и западно општество кое го градиме“.

-Денот на ослободувањето го славиме веќе 78 години, со легитимна гордост што е поттикната од усогласувањето со големата антифашистичка коалиција и фактот што Албанија ја ослободија партизаните, борците и албанскиот народ. Денеска им оддаваме почит на ослободителите на Албанија, партизаните, борците, хероите од антифашистичката НОБ, ветераните и нивните потомци. Вредностите на антифашизмот и слободата, кои триумфираа во Албанија на 29 ноември 1944 година, се неприкосновени, тие се темелот на демократското и западното општество што го градиме. Европска Албанија влече корени во антифашистичка Албанија, пишува Никола.

Дел од политичарите исто така оддадоа почит а денот повеќето го честитаа преку објави на социјалните мрежи. Премиерот Еди Рама на објавата напиша: Честит денот на ослободувањето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија