Албанија го откажа учеството на Самитот на СЕЕЦП во БиХ во знак на солидарност со Косово

Од:

Министерот задолжен за Европа и надворешни работи, Гент Чакај, објави дека Албанија нема да учествува на самитот на СЕЕЦП, организиран од Босна и Херцеговина.

На социјалната мрежа „Твитер“, тој напиша дека третманот на организаторите кон Косово е неприфатлив, дека е против стремежот да се создаде атмосфера на доверба, добрососедски односи и стабилност. Цакај уште додава дека не може да има соработка без еднаков третман.

-Албанија го откажа своето учество на Самитот на СЕЕЦП во знак на солидарност со Косово. Неговото третирање од страна на организаторите е неприфатливо и не е во насока на создавање атмосфера на доверба, добрососедски односи и стабилност. Не постои соработка без еднаков третман. Стоиме заедно, напиша албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Цакај, кој е од Косово.

Според албанскте медуми, вчера претседателот на Косово, Хашим Тачи, информирал дека добил покана да присуствува на самитот но со објаснувачка забелешка пред името на Косово, за разлика од другите држави. Тачи навел дека Косово ја одбило поканата.

Самитот на Процесот за соработка во Југоситочна Европа (SEECP), со кој претседава Босна и Херцеговина,се ордржува утре и задутре во Сараево а ќе учествуваат шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски