Албанија ги засилува безбедносните мерки по терористичките напади во Франција и Австрија

Од:

По терористичките напади во Франција и Виена, секторот за антитероризам во Албанија ги зајакнува безбедносните мерки во земјата, јави Топ чанел телевизија.

Во јавните простории, аеродромите и пристаништата ќе има присуство на припадници на цивилните безбедносни служби, а ќе се зголеми бројот на патроли на униформирани полициски структури, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Овие мерки ќе бидат во сила до крајот на годината, заради празниците што не очекуваат, поточно 28-29 ноември (денот на албанската независност и денот на слободата), како и празниците на крајот на годината, Божик и Нова Година. Предметните мерки ќе ги вклучат и дипломатските служби во нашата земја, наведува телевизијата.

Поради основано сомнение за поврзаност со терористичката исламска држава или повратници од боиштата во Сирија и Ирак, под надзор на полицијата во Албанија се најмалку 70-тина лица.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци