Албанија ги ратификуваше протоколите за членство на Финска и Шведска во НАТО

Од:

Албанскиот парламент, по итна постапка, денеска, едногласно ги ратификуваше протоколите за членство на Финска и Шведска во НАТО.

Во обраќањето до амбасадорите на овие земји присутни во собраниската сала, координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистчка партија, Таулант Бала рече дека ова е „важна одлука на Собранието и секако најбрза“.

-Ги ратификувавме протоколите за пристапување на Шведска и Финска во НАТО, најголемата алијанса која штити повеќе од 1 милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Во новиот геополитички контекст, членството на Кралството Шведска и Република Финска е правилен чин и една од најважните одлуки на самитот во Мадрид, рече Бала.

Додаде дека Албанија е меѓу првите земји кои толку брзо ја донеле оваа одлука.

-Би сакале да бидеме на прво место. Данска, не знам какви процедури има, па го направија тоа побрзо од нас. Како и Естонија, Велика Британија и Исланд, но важно е што сме меѓу првите земји. Сакам да го запомните ова кога членството на Албанија во ЕУ ќе биде ратификувано во вашиот парламент, направете го тоа брзо како што го направивме ние тоа денес, нагласи Бала.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Молотови коктели на протест во Тирана

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски