Албанија: Драматичен пад на бројот на деца запишани во училиштата: 126.000 ученици помалку за една деценија

Од:

Бројот на ученици во основните и средните училишта во Албанија рапидно се намалува и ова е поизразено во основното образование – институтот за статистика ИНСТАТ објави дека бројот на ученици во основното образовение во последната деценија е намален за 30 отсто, додека во споредба со првата година од транзицијата, 1991-та, за 45 отсто.

-Минатата година во основно образование биле запишани 295.000, во 2010 година 421.000 додека во 1991 година над 540.000 ученици. Основното образование денеска има околу 126.000 ученици помалку споредено со бројот на основците пред една деценија,или околу 295.000, потврдуваат статистичките податоци на ИНСТАТ.

-Намалениот наталитет и големата емиграција се двата фактори што ги празнат училиштата и ќе станат предизвик за одржливиот развој на земјата.Индексот на наталитет во 60-тите години на минатиот век беше 6,8 раѓања по жена, во 2001 година 2,1 раѓање, во 2011 година 1,7 и на 1,36 деца во 2019 година,наведуваат албанските медиуми.

Според податоците на Евростат Албанија,во 2018 година, е рангирана меѓу 7-те земји со најниска стапка на наталитет во Европа, оставајќи ги зад себе само Грција, Кипар, Италија, Шпанија, Малта и Украина.

Медиумите наведуваат дека во училиштата малку се вложува за создавање соодветни услови за нормално одвивање на наставата, дури многу помалку споредено со периодот на комунизмот, кога имало многу повеќе ученици.

Во меѓувреме, од вчера нов министер за образование, спорт и млади е Евис Куши, актуелна пратеничка од Елбасан. Таа доаѓа на местото на Беса Шахини,која се враќа во Косово од каде и е.Ова е прва смена на министер што ја прави премиерот Еди Рама од јануари минатата година.

Куши вети дека ќе стои се за подобрување на условите во училиштата, како и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар во актуелните услови на пандемија со Ковид-19.вт

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија