Албанија дополнително ќе ангажира 1.000 просветни работници на одредено време

Од:

Албанската министерка за образование, Евис Куши, инфорираше дека за да се задоволат потребите во образованието за време на пандемијата, во учебната 2020/2021 година дополнтелно ќе бидат ангажирани уште илјада просветни работници.

– Во основното и средното образовaние дополнително ангажирање на одредено време на 1.000 наставници за задоволување на потребите за образовен кадар за време на пандемијата во учебната 2020-2021 година, беше одобрено со одлука на Владата. За тоа на остварената средба ги информирав раководителите на регионалните дирекции и локалните канцеларии за образование, со кои разговаравме за текот на учебната година и за надминувањето на одредени прашања, напиша Куши на Фејсбук.

Во овој контекст, додава таа, им се заблагодарила за успешниот почеток на учебната година и побарала со уште поголема посветеност да се ангажираат во почитувањето на анти-ковид мерките во секоја образовна институција, како и да ги зголемат напорите и теренските инспекции со цел да се гарантра целосно почитување на протоколите од сите.

– Колку сме поригорозни во овој аспект, толку полесен ќе биде заеднички предизвик да се грижиме за здравјето на учениците, наставниците, родителите и кој било друг, а во исто време да обезбедиме непречено одвивање на процесот на наставата во оваа не толку лесна учебна годна, наведува министерката.

Во Албанија учебната 2020/2021 година почна на 14 септември и тоа една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во 1.097 училишта наставата се одвива во една смена, во 472 училишта во две и во 183 училишта во три смени. Наставниот час трае 30 минути а во учлница има до 20 ученици. Во секое училиште има и по еден здравствен работник.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици