Албанија доби 90 милиони евра од ЕУ за справување со пандемијата

Од:

Европската комисија, во името на ЕУ, денеска одвои 90 милиони евра за Албанија, во рамки на својата програма за макро-финансиска помош (МЈП), поврзана со Ковид-19.

Албанија е осма земја која е опфатена со пакетот за итни случаи на МЈП тежок три милијарди евра за десет партнери за проширување и соседство, што има за цел да им помогне да ги ублажат економските последици од пандемијата со коронавирусот.

Средствата ќе придонесат за ублажување на тешките социо-економски последици од пандемијата во Албанија.

– Овој вирус не познава граници: ЕУ стои покрај Албанија и нејзините граѓани во овие тешки моменти. Денешната трансакција следи по одобрување на меморандумот за разбирање со Албанија, во кој се утврдени условите за политика што треба да се исполнат за исплата на втората транша од 90 милиони евра. Овие услови се особено важни за подобрување на управувањето или зголемување на социјалната заштита, напиша на Твитер Луиѓи Сореца амбасадор на ЕУ во Тирана.

Оценува дека оваа програма е „силна и конкретна демонстрација на солидарност на ЕУ кон Албанија и албанските граѓани во време на оваа криза без преседан“.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје