Албанци купуваат скапи куќи во Грција

Од:

Албанци купуваат скапи куќи во Превеза и Теспорти, јавија грчките медиуми, додавајќи оти тие купуваат куќи за одмор, главно на крајбрежјето.

Според медиумите, кои се повикуваат на агенцијата за посредување во продажбата во последно време значително се зголемиле барањата за купување скапи куќи на крајбрежјето кај Теспорти и Превеза.

-Албанците купуваат без многу пазарење и дискусии, велејќи дека се економски стабилни и оти располагаат со големи финансиси средства, изјавија претставници на агенцијата.

Инаку откако албанскиот премиер Сали Бериша во Валона зборуваше за Албанија од Превеза до Подгорица, од Прешево до Скопје, сопствениците на маслинови насади почнаа да протеруваат албански работници од нивните имоти и бизниси, во знак на протест.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина