Акција на грчката крајбрежна служба за спасување на околу 150 мигранти во близина на Пелопонез

Од:

Грчката крајбрежна служба рано утрово спровела акција во близина на Пелопонез за спасување на околу 150 лица, веројатно мигранти, кои се превезувале во дрвен чамец, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, лицата побарале помош откако чамецот почнал да се полни со вода, а им помогнал танкер што бил во близина и сите биле спасени, со исклучок на една жена, која, според сведоштвата, паднала во вода и продолжува, засега без резултат, акцијата за нејзино пронаоѓање.

Во спасувачката акција учествувале патролен брод на крајбрежната служба и два хеликоптера, еден од воената морнарица и еден од военото воздухопловство.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди