Ахмети дава исказ пред хашките истражители во Приштина, Груби објави видео за поддршка на лидерот

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во просториите на мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС во Приштина дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово.

Ахмети дошол во просториите на ЕУЛЕКС изутрината околу 9:30 часот. Распитот се одвива во Приштина, а не во Хаг каде што е седиштето на Специјалното обвинителство, што е пракса кога повиканите сведоци не се во можноста да отпатуваат за Холандија.

Засега нема официјални инфомации зошто Ахмети е повикан да даде исказ, но според косовските медиуми, тоа е поврзано со неговата активност за време на војната како еден од основачите на ОВК, и постапките што ги отвори Обвинителството за претседателот на Косово Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија, Кадри Весели. Лидерот на ДУИ, како и претставници на партијата, повеќепати изјавије дека тој во Приштина оди во својство на сведок.

Додека Ахмети сведочи во Приштина,  неговиот близок соработник и прв вицепремиер во Владата, Артан Груби на Фејсбук објави видео за политичката кариера на лидерот на ДУИ, со наслов „Финалната битка на нашиот лидер, победник во сите битки“.

Видеото е хронологија на дејствувањето на Ахмети како воен водач и политички лидер на Албанците во Македонија, а во него има извадоци од времето кога тој ги организирал студентските протести во Приштина во раните 80-ти, војувањето на ОВК, Охридскиот договор, се до денеска.

Врз основа на досегашните практики на Специјалното обвинителство, сведочењето на Ахмети веројатно ќе продолжи во текот на целиот ден, а ако има потреба и утре, пренесува Еуроњус Албанија.

Али Ахмети беше повикан од Обвинителството на 22 јули. По добивањето на поканата, лидерот на ДУИ на неговиот фб профил објави дека ќе даде исказ како сведок и еден од основачите на ОВК. 

Би можело да ве интересира

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски