Агим Чеку повикан во Хаг како осомничен

Од:

Специјалниот суд за воени злосторства го повика Агим Чеку, еден од командантите на ОВК, како осомничен, пренесува Репортери.

Чеку потврди дека добил покана од специјалниот суд.

– Добив покана вчера како осомничен. Патувам на 28 септември, изјави Чеку за Коха.

Агим Чеку завршил воена академија во Белград, а на почетокот на војната во поранешна Југославија се приклучил на хрватската армија, пренесува Косово онлајн.

Учествувал во воените акции на хрватските сили „Медачки џеб“ и „Бура“.

Во мај 1999 година, тој беше назначен за командант на штабот на ОВК.

По завршувањето на војната на Косово, Чеку основа политичка партија, а во периодот од 2006 до 2008 година беше премиер на Косово.

Чеку беше уапсен неколку пати во врска со обвинение за воени злосторства, но беше ослободен по интервенција на тогашниот шеф на УНМИК, Хари Холкери.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он