Агенција за цивилно воздухопловство на Грција: Во Атина слета МНР на Венецуела по доставениот план за летање

Од:

За слетувањето на венецуелскиот владин авион на атинскиот аеродром во саботата, информација објавена од грчката телевизија „Скај“, а за која грчки владини извори коментираа дека причината била снабдување со гориво, со соопштение излезе Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Оттаму објаснуваат дека станува збор за вообичаен лет, со претходно доставен план на летање од Абу Даби за Атина за техничко слетување, а во авионот се наоѓал шефот на венецуелската дипломатија.

– Амбасадата на Венецуела, преку Министерството за надворешни работи побара да биде на располагање ВИП салата на аеродромот за министерот за надворешни работи на нивната земја, Хорхе Ареаса. Во ВИП просторијата беше министерот од Венецуела како што предвидува протоколот сѐ додека да заврши снабдувањето со гориво. Да се напомене дека за време на престојот на странскиот функционер, освен вршителите на должност во амбасадата, во ВИП просторијата немаше други посетители, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.

Паралелно потпаролката на Нова демократија, Мариа Спираки побара од кабинетот на грчкиот премиер Алесис Ципрас да одговорат на четири прашања: зошто била дадена дозвола за слетување кога останатите европски земји одбиле, дали се запознати со обвинувањата на опозицијата во Венецуела дека со конкретниот авион Мадуро нелегално од земјата изнесува злато, пари и роднини на функционери и дали во авионот бил министерот за надворешни работи на Венецуела

– Основното прашање останува: кои се точно односите на Ципрас и Папас со режимот во Венецуела, вели Спираки.

Како што вчера објави МИА, случајот со венецуелскиот владин авион го откри грчката Телевизија „Скај“, вест која предизвика нови несогласувања меѓу власта и опозицијата во Грција. Од Нова демократија побараа објаснувања, а грчки владини извори потврдуваат дека авионот слетал, но за да се снабди со гориво и говорат за теории на заговор.

Според прилогот на „Скај“, во владиниот авион бил министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса кој на атинскиот аеродром остварил и некаква средба.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција