Абазовиќ: Ме чува полицијата, Ѓукановиќ нема лесно да ја даде власта

Од:

Лидерот на црногорската коалиција „Црно на бело“, Дритан Абазовиќ, во интервју за германскиот магазин Шпигел изјави дека е под заштита на полицијата поради притисоците врз него кои доаѓаат од партијата на Мило Ѓукановиќ.

Опозицискиот лидер, кој ѝ се спротивстави на долгогодишната владејачка партија во Црна Гора, вели дека иако неговиот живот е во опасност, тој не се плаши.

Според магазинот, Абазовиќ е моментално најбараниот политичар во Црна Гора.
Според магазинот, Абазовиќ е моментално најбараниот политичар во Црна Гора.

Абазовиќ рече дека народната волја не може никој да ја промени и дека најдобра потврда за тоа се изборните резултати во земјата.

„За првпат во историјата на нашата земја, имаше политичка промена на изборите, и покрај сите манипулации граѓаните гласаа против автократскиот систем во кој претседателот Мило Ѓукановиќ, неговото семејство и уште неколку други лица ја третираа земјата и ја искористија како нивна приватна сопственост. Ѓукановиќ отсекогаш тврдеше дека е прозападен, но тој никогаш не се залагаше за вистинските западни вредности“, вели Абазовиќ.

„Системот Мило по скоро три децении се наоѓа пред политички пресврт. Од друга страна, трите изборни сојузи во парламентот имаат слабо мнозинство и сакаат да владеат заедно, но има еден проблем, сојузите се крајно политички хетерогени, нивниот опсег се движи од српски националисти и пријатели на Путин па се до социјал-либерални и зелени“, пишува германскиот магазин.

Шпигел понатаму додава дека Абазовиќ е водечки политичар на најмалата група од трите политички сојузи – либерално-зелената коалиција „Црно на бело“.

Абазовиќ рече дека тој не мисли дека Ѓукановиќ доброволно ќе се повлече или барем не лесно.

За јавните закани што ги добива политичарот, а кои започнаа за време на изборите, тој изјави дека постои огромен притисок врз него и затоа во моментот тој е под полициска заштита.

„Знам дека има многу луѓе што би ми направиле нешто и што можат да ми направат. Но, не се плашам. Заканите се цената која политичарот ја плаќа. И, во оваа ситуација, тоа е логично. По изборната победа, има многу луѓе во земјата кои имаат многу што да изгубат“, додаде Абазовиќ за Шпигел.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора