Абазовиќ утре во посетa на Белград – се очекува затоплување на односите меѓу Црна Гора и Србија

Од:

Претседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ, утре патува во официјалната посета на Белград, каде ќе го пречека премиерката на Србија Ана Брнабиќ, со која ќе има билатерална средба и состанок на делегациите на двете влади, а потоа ќе има средба и со претседателот Александар Вучиќ, јави дописиникот на МИА од Белград.

Односите меѓу Црна Гора и Србија во моментот опфаќаат неколку отворени прашања, а во пресрет на посетата, Абазовиќ рече дека доаѓа во Белград со најдобри намери и дека сака да ги подигне односите меѓу Црна Гора и Србија на повисоко ниво.

Абазовиќ во Белград доаѓа со бројна делегација од 11 члена, меѓу кои се и министерот за земјоделство, Владимир Јоковиќ, за финансии Александар Дамјановиќ и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам Ана Новаковиќ Ѓуровиќ.

Абазовиќ, според владината платформа, ќе разговара со официјалните лица на Србија за актуелни теми од интерес за Црна Гора, за прашања за понатамошната соработка, со цел да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакнат билатералните односи.

Како што пишуваат српските медиуми, од владата тврдат дека официјалната посета на Абазовиќ, во првите месеци од преземањето на функцијата, укажува на желбата Црна Гора со Србија во иднина да гради поотворени добрососедски и пријателски односи.

Главните теми што ги дефинираат односите со Белград, се приклучувањето на Црна Гора во иницијативата Отворен Балкан и потпишување на Темелниот договор со Српската православна црква, кои се точки на спорови во рамките на самата Црногорска влада и парламентарното мнозинство што ја поддржува.

Меѓу прашањата што подолго време ги оптоваруваат односите меѓу официјалната Подгорица и Белград, што ги наследи владата на Абазовиќ, се и екстрадицијата на поранешниот претседател на државната заедница на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ, отсуството на амбасадор во двете земји и задржувањето на српската граница на на црногорски пратеници кои гласаа за Резолуцијата за Сребреница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов