Абазовиќ под засилено обезбедување, Кавачкиот клан сакал да го ликвидира

Од:

Засилено е обезбедувањето на црногорскиот вицепремиер, Дритан Абазовиќ, бидејќи постојат индиции дека припадници на криминалниот Кавачки клан се подготвувале да го ликвидираат, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, образложувајќи дека таквите информации се добиени со преземање мерки и активности за расчистување на убиството на Зоран Ашанин, кое се случи вчера во градот Мојковац.

„Во конкретниов случај, собраните информации укажуваат на намерата на членовите на организираната криминална група Кавачки клан и еден од неговите лидери, Слободан Кашчелан, како реакција на неговото лишување од слобода и натамошно процесуирање заради активности насочени кон извршување кривични тела на тежок и организиран криминал, да преземат активности на загрозување на животот на вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Црногорското МВР посочува дека, имајќи ја предвид важноста на претходно реализираните активности и свесни за фактот дека членовите на оваа организирана криминална група се дел од пошироките регионални структури со многу силни врски на транснационално ниво, чија клучна карактеристика е бескрупулозно извршување на повеќето сериозни злосторства, како и фактот дека секоја активност насочена кон загрозување на физичкиот интегритет на носителите на високи државни функции, ја дестабилизира поволната, но многу сложена безбедносна состојба „без понатамошни одлагања, а во соработка со други државни институции, преземени се дополнителни мерки и активности за заштита на безбедноста на г-дин Абазовиќ“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора