Абазовиќ: Очекувам новата црногорска влада да биде формирана до осми ноември

Од:

Лидерот на граѓанското движење „УРА“, Дритан Абазовиќ, рече дека е задоволен од динамиката на преговорите за формирање на новата црногорска влада и очекува дека таа ќе биде формирана до 8 ноември.

Абазовиќ изјави дека одлуката на Бошњачката партија да не влезе во новата влада е очекувана за него и дека тој го почитува различното мислење на членовите на партијата да одговорат негативно на искрената покана.

Тој за „Вијести“ изјави дека одлуката е легитимна и дека сè уште постои можност за соработка.

„Новата влада ќе има Бошњаци и Албанци. Никој не тврди дека претставува само одредени народи. Подадената рака останува кон сите малцински партии“, нагласи тој.

Абазовиќ соопшти дека во некои оддели на владата во заминување, документацијата се уништува и дека во моментов се користи „вакуум за вработување и обезбедување на подобри позиции од страна на поединци“.

Лидерот на платформата „Црно-бело“ не можеше да ги потврди или демантира информациите дека е кандидат за министер за одбрана, но рече дека, доколку тој стане министер за одбрана, веднаш ќе ја повлече одлуката за планината Сињајевина да биде воен полигон и дека, без оглед на тоа кој е на чело на одделот за одбрана, ќе мора да се повлече спорната одлука.

Абазовиќ додаде дека тоа е редок случај, како што е случајот со министерот за одбрана во заминување Предраг Бошковиќ, кој го загрозил угледот на институцијата.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски