Абазовиќ: Новите луѓе може да го помират регионот, крајно време е да ги оставиме сите матрици од минатото

Од:

„Ние мора да разбереме дека Црна Гора никогаш не ја прескокна првата фаза од демократскиот развој, а таа е промена на власта на избори. Односно, до последните избори Црна Гора беше единствената земја во Европа што никогаш во својата парламентарна историја не ја променила својата власт преку гласање на мирни и демократски избори“, рече претседателот на Обединетата реформска акција и член на коалицијата „Црно на бело“, Дритан Абазовиќ.

Во однос на обвинувањата кои беа насочени против него околу контактите со српскиот митрополит Амфилохије“, тој изјави:

„Направен е исклучително важен чекор напред, затоа што суверенитетот конечно им се врати на граѓаните, кои за првпат сметаа дека нивниот глас навистина вреди и дека со учество во изборниот процес може да ги променат работите“, рече Абазовиќ за „Данас“.

Абазовиќ додаде дека е логично во такво „предполитичко општество во кое владеела три децении една иста партија, а која долго време создавала големи етнонационалистички тензии“ и опозицијата да биде идеолошки хетерогена.

Тој објасни дека при коалицирање, опозициските партии барале „најмал заеднички именител“, според него, борбата против автократското владеење на Мило Ѓукановиќ била најголема причина за поврзување на партиите.

„Сепак, иако идеолошки хетерогено, новото парламентарно мнозинство веќе покажа огромен степен на политичка зрелост, усвојувајќи договор преку кој сите партии од новата Влада се обврзуваат да ја продолжат надворешната политика на Црна Гора, остануваат во согласност со силната интеграција во ЕУ и со исполнување на обврските за членство во НАТО. Во мандатот на новата Влада, нема да се реализираат и ревидираат никакви идентитетски прашања, почнувајќи од државните симболи“, рече Абазовиќ.

Тој, исто така рече дека искуството на Црна Гора е најдобриот пример дека никој не е непобедлив и недопирлив и дека можни се промени дури и кога малкумина веруваат во тоа.

„Настаните во Црна Гора што предизвикаа голем интерес во регионот покажуваат дека луѓето виделе трошка надеж и дека многу од нив навистина сакаат послободни општества, со поголем степен на демократија. Новите луѓе ќе ја помират Црна Гора, а новите луѓе можат да го помират и регионот. Крајно време е да ги оставиме сите матрици од минатото и да се избориме за промените што сите ги сакаме. Слободата е тука, да ја земеме во своите раце“, заклучи Абазовиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора