Абазовиќ: Бајден може да го спаси Западен Балкан од руско и кинеско влијание

Од:

Црногорскиот премиер во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека САД се најважниот надворешнополитички партнер на Подгорица и оти американскиот претседател Џо Бајден може да го спаси Западен Балкан од потпаѓање под руско и кинеско влијание.

Тој во интервју за Д Павловиќ Тудеј (The Pavlovic Today) оцени дека корупцијата е генератор на национализам, пренесоа денеска црногорските медиуми.

– Мојата порака за Бајден е едноставна. Претседателот Бајден треба да ги користи извршните наредби за да санкционира лица кои се вмешани во корупција на високо ниво на Западен Балкан. Тоа е најдобриот и наједноставниот начин претседателот Бајден да го спаси Западен Балкан, истакна Абазовиќ.

Како што додаде, доколку регионот тргне во правец на национализам и конфликт, ќе стане лесна мета на странско влијание.

– Без разлика дали се работи за руско или кинеско влијание, доколку Бајден смета дека тоа странско влијание треба да се спречи, мора да санкционира луѓе. Тоа би било доволно за да се запрат политичките актери, кои Црна Гора и регионот ги водат по тој пат, подвлече премиерот на Црна Гора.

На прашањето дали неодамнешните кибер-напади на владината ИТ инфраструктура, случајно дошле во исто време кога и акутелните политички настани во Црна Гора, или некој се обидел да ја тестира државата, тој одговори дека не верува оти нешто случајно се случува, кога се во прашање сериозни политички настани.

– Дестабилизација им оди во прилог на оние кои не сакаат да видат владеење на право, оние кои и понатаму сакаат да видат нестабилност на Западен Балкан. Кибер-нападот се случи наредниот ден, приквечер, по гласањето за недоверба на Владата. Тоа е најголемиот напад на нашата инфраструктура што некогаш сме го имале. Во овој момент не можеме да кажеме дека Русија стои зад тој напад, ниту пак сакаме тоа да го тврдиме, но, експерти од ФБИ, од Велика Британија и од Франција го истражуваат случајот. Чекаме конечен извештај, појасни црногорскиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа