Хрватски пратеник: Србите од Хрватска добиваат повици за мобилизација во случај на војна на Косово

Од:

Пратеник во хрватскиот парламент, Маријан Павличек, изјави дека од октомври 2022 година, многу хрватски граѓани, кои се и државјани на Србија, ќе добиваат повици за регрутација во врска со евентуална мобилизација на српската војска во случај на војна во Косово.

– Меѓу оние кои добиле повик за мобилизација се и службеници на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска. Најмалку 15 хрватски полицајци добиле покани, бидејќи имаат двојно државјанство, да се пријават во Сремска Митровица, изјави Павличек во Собранието.

Тој посочува дека имаат информации дека на тој повик се јавил хрватски полицаец и контактирал со српската војска и добил инструкции како да се однесува во случај на мобилизација.

Павличек предупредил дека се работи за нарушување на безбедноста, пишува Фена, пренесува Ослобоѓење.

– Сакаа да го прикријат овој случај. Полициската управа за тоа не ја известила хрватската јавност. Во ова се вклучија и лидери на СДСС за да го прикријат овој случај бидејќи се работи за припадник на српското малцинство од непосредна близина на Винковци, рече Павличек. Тој потсети дека тоа лице е суспендирано од должност и се води дисциплинска постапка.

Тој додаде дека ниту хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, ниту министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, не сакале да го коментираат случајот, кој, според Павличек, требало да испратат протестна нота до Србија.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски