Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 82 нови случаи на коронавирус, соопшти Институот за јавно здравје. Тестирани се 561 примероци.
„Нема пријавени смртни случаи поврзани со Ковид-19. Вкупниот број на починати од почетокот на јуни е 34“, се наведува во соопштението на црногорскиот Институт за јавно здравје.
Оттаму информираат дека оздравеле 21 пациенти, така што вкупниот број на оздравени од 14 јуни е 348.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора изнесува 2040, најмногу во Подгорица каде има 885 заразени со коронавирус.