79 проценти од Србите против членство во НАТО

Од:

Речиси половина од српските граѓани, или 46 проценти сметаат дека ниту после 20 години од бомбардирањето се уште не е дојдено време за помирување со НАТО.

Тоа го покажа истражувањето на јавното мнение објавено за Институтот за европски работи.

Само една третина од граѓаните би прифатиле извинување поради бомбардирањето од НАТО, додека две третини не би профатиле извинување, изјави директорот на институтот Наим Бешири во воведот на дебатата „20 години од НАТО интервенцијата, дали е време за помирување“.

Соработката на Србија и западната воена алијанса за граѓаните на Србија заслужува оценква двојка, рече Бешири и додаде дека на оценката не влијаел фактот дека повеќе од 52 милиони евра донации за Министерството за одбрана стигнале од земјите членки на НАТО.

Истражувањето покажува дека 31 насто од граѓаните поддржуваат соработка.

Членство во НАТО поддржуваат само 10 посто од граѓаните додека 79 проценти се против оваа идеја.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски