73 албански граѓани се уште се наоѓаат во Сирија

Од:

Во Сирија се уште се наоѓаат 73 албански граѓани, за чие враќање албанските власти подготвуваат посебен план.

„Во финална фаза е подготовката на акцискиот план за дел од своите граѓани кои чекаат да се вратат и да се реинтегрираат. Тоа во многу тесна и динамична соработка со институциите за спроведување на законот, со Обвинителството, полицијата, но и со локалната власт. Во исто време, разгледани се и други компоненти, социјални, економски, психијатриски и едукативни“, изјави за „Топ чанел“ координатор на Центарот за борба против насилниот екстремизам, Агрон Сојати.

Според истиот извор за финализирањето на операцијата за враќање на албанските граѓани од Сирија, постои одреден скептицизам, поради опасноста од нивното доаѓање што се чувствува меѓу граѓаните во Албанија.

Посебно постои загриженост околу разбирањето и подготвеноста на граѓаните на Албанија да помогнат.

На боиштата во Сирија и во Ирак, на страната на Исламска држава војувале околу 150 албански граѓани, а потврдена е смртта на 26 од нив.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град