66 новозаразени и еден починат од Ковид-19 во Црна Гора

Од:

Во последните 24 часа од вкупно 479 примероци во Црна Гора, новозаразени се 66 лица.

Најмногу новозаразени има во главниот град Подгорица -19, Беране -десет, Никшиќ -девет, Рожаје -седум, Цетиње -шест, Плевља -пет, Бар -три, Улцињ, Будва и Бијело Поље по два и Херцег Нови еден.

Во текот на денот, беше потврдена смртта на пациент кој бил лекуван во Беране.

Во тек се лабораториски анализи за уште три смртни случаи за кои постои сомневање дека биле предизвикани од инфекција со коронавирус. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 15.

Од почетокот на јуни, вкупниот број на регистрирани случаи е 963, со 15 потврдени смртни случаи, а во моментов има и 15 излекувани. Бројот на активни случаи во Црна Гора изнесува 933, додека вкупниот број тестирани лица е 24.972.

Би можело да ве интересира

Во Словенија се отвораат ски-центрите, училиштата и некои услужни дејности

Ана Ололовска

„Јужноафриканскиот“ вирус е отпорен на терапија со плазма и може да ја намали ефикасноста на вакцините

Жарко Настоски

Критично во Британија и Португалија – нови рекорди во бројот на починати од Ковид-19

Жарко Настоски

Лани во ЕУ починале 300.000 луѓе повеќе отколку во претходните години

Жарко Настоски

Црногорскиот Парламент повторно го изгласа Законот за слобода на вероисповед

Жарко Настоски

Во Грција потврдени вкупно 26 случаи на новиот вид на Ковид-19

Ана Ололовска