61 жртва на Ковид-19 во Босна и Херцеговина за 24 часа

Од:

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 1.198 новозаразени со Ковид-19с, а почина уште 61 пациент. Тестирани се 4.556 лица.

Вчера во земјата имаше 1.096 новозаразени, од 5.700 тестирани,а починаа 82-ца.

Во Федерацијата направени се 3.280 тестови, од кои 770 биле позитивни. Дoсега се тестирани 579.573, а вирусот е потврден кај 120.168 лица.

До денеска излечени се 96.970 пациенти, а активни се 19.014 случаи. Пријавени се 35 нови смртни случаи, а вкупно досега починаа 4.184.

Во Република Српска тестирани се 1.173, а корона вирусот е потврден кај 364 лица. Пријавени се 25 смртни случаи или вкупно 2.937. Во Брчко има 54 новозаразени, а тестирани биле 103. Почина еден пациент.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски