Судот во Нови Сад го осуди 26-годишниот, Даријан Мусиќ на 35 години затвор, поради убиството на манекенката Владислава Червенко.
На 12. ноември минатата година, Мусиќ до смрт ја претепа манекенката.
Безживотното тело на девојката беше пронајдено на подот од спалната соба, во станот каде што живеела.
По бруталното убиство, Мусиќ побегна од Нови Сад, но само неколку дена подоцна беше уапсен на подрачјето на Нови Пазар.
Тој на својот „Фејсбук“ профил тогаш напиша дека не сакал да ја убие девојката и изрази сочувство на нејзиното семејство.
Елена Георгиевска