30 лица заразени со коронавирус викендов дошле со авион на Кипар, 17 пристигнале од Миконос

Од:

Министерството за здравство на Кипар денеска ги соопшти резултатите од тестовите наравени на аеродромите, како кај кипарски државјани кои пристигнале од странство или кај туристи кои допатувале во земјата и потврдени се 30 позитивни случаи, од кои 17 биле регистрирани кај патници кои допатувале од грчкиот остров Миконос.

Позитивните случаи се од направени вкупно 346 тестови во текот на изминатиот викенд, а освен 17-те случаи од Миконос, од кои повеќето се кај патници кои што се меѓусебно поврзани, останатите десет се од лет од Амстердам, а три од Лондон.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ