24 бугарски парламентарци казнети поради неносење заштитна маска

Од:

Секој десетти бугарски парламентарец, или 24 од вкупно 240 пратеници, досега се казнети со 300 лева (околу 150 евра) за непочитување на обврската за покривање на устата и носот со заштитна маска во законодавниот дом.

Министерот за здравство Кирил Аланиев ги заостри правилата за носење маска во затворен простор  од 22 јуни, откако се зголеми бројот на инфекции.

Од средината на јуни, бројот на заразени во Бугарија расте и сега изнесува вкупно 5.154 од почетокот на пандемијата.

Претставници од различни политички партии одбија да носат маски, предизвикувајќи тензии со лидерите на парламентот и оние што ги покриваа своите лица, јавија бугарските медиуми.

Неодамна и премиерот Бојко Борисов беше казнет од 300 лева поради тоа што не носеше маска при посета на Рилскиот манастир.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина