204 нови случаи на коронавирус во Хрватска

Од:

Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 204 нови случаи на коронавирус, две лица починале, а бројот на активни случаи е 1.268, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 278 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 27 се на апарати за дишење. Во последните 24 часа биле тестирани 6.387 примероци, а оздравеле 828 лица.

Во моментов има 3.314 лица во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се 15.340 заболени, од кои 257 починале. Закрепнале 13.815 луѓе.

До денес се тестирани вкупно 273.684 лица.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски

Автобус со околу 20 деца во Хрватска излета од патот, нема сериозно повредени

Хрватска: Поранешен полицаец се обидел да го убие соседот од љубомора, но нема да оди во затвор

Млад фудбалер е убиен во Сплит

Серија земјотреси во Хрватска