До 2035 година ЈИЕ треба да замени над 30 отсто од фосилните капацитети за производство на струја

Од:

Според резултатите од спроведувањето на Проектот за електрична енергија на Југоисточна Европа (SEERMAP), регионот треба да замени повеќе од 30 отсто од својот сегашен капацитет за производство на електрична енергија од фосилни горива до крајот на 2030 година, а повеќе од 95 отсто до 2050 година.

Проектот беше спроведен од меѓународен конзорциум предовден од Регионалниот центар за истражување на енергетските политики (REKK), а финансиран од Сојузното министерство за земјоделство, шумарство, животна средина и водостопанство на Австрија и Европската климатска фондација.

Во рамки на проектот се развија три сценарија за развој на електроенергетскиот сектор до 2050 година за Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Србија, Косово, Црна Гора, Романија и Македонија.

Првото сценарио „статус кво“ го одразува спроведувањето на постојните енергетски политики, второто „декарбонизација“ ја рефлектира долгорочната стратегија за намалување на емисиите на ЦО2 во воздухот, во согласност со целите за намалување на емисиите на ЕУ во секторот на електрична енергија. Третото сценарио, како што посочуваат од тимот на МАЦЕФ, кои работеа на подготовка на извештајот за Македонија, е „одложено“ и вклучува првична имплементација на тековните национални инвестициски планови проследени со промена на насоката на политиката од 2035 гдоина, што резултира со реализација на приближно истата цел за намалување на емисиите до 2050 година како за сценариото за „декарбонизација.

– Ова преставува и предизвик за да се обезбеди рамка на политика која ќе поттикнува нови инвестиции и можности за обликување на секторот на електрична енергија на долг рок во согласност со пошироката стратегија за енергетска транзиција, без ограничувања од сегашното портфолио на производство на електрична енергија, смета Јасминка Димитрова Капац од МАЦЕФ.

Таа додава дека секторите за електрична енергија на земјите од Југоисточна Европа споделуваат заеднички предизвици. Дел од нив се и застарени капацитети за производство на електрична енергија главно базирани на лигнит и потреба од нови инвестиции, чувствителост на потрошувачите од високи цени кај крајните корисници и несигурни фискални услови на државните претпријатија.

– Регионот има голем потенцијал за производство од сончевата, ветерната и производство на електрична енергија од биомаса, голем хидропотенцијал за балансирање на системот како и добрата поврзаност во системот. Извештајот открива дека е можно да се намалат емисиите на ЦО2 во регионот на електрична енергија во опсег од 93 до 99 отсто, што едновремено претставува цел на Европската унија, со искористување на потенцијалот за обновлива енергија во регионот, изјави Димитрова Капац.

Според „Шемата за тргување со емисии на ЕУ“, електричните централи нема да бидат комерцијално одржливи на долг рок. Капац додава дека Шемата ќе се спроведува од 2030 година во Западен Балкан и нагласи дека природниот гас игра минлива улога за замена на дел од затворените електрани на јаглед пред да биде отстранет од електроенергетскиот систем до 2050 година.

Би можело да ве интересира

Во Трст конференција за превенција на безбедносни ризици во ЈИЕ

Ана Ололовска

ОБСЕ: Дури 70 отсто од жените во ЈИЕ биле жртви на насилство

ВИДЕО: Поголема соработка на земјите за поефикасно справување со безбедносните ризици

Ана Ололовска

Современи безбедносни предизвици во ЈИЕ

Ана Ололовска

Во Струга отворена Годишната конференција на медиумите од ЈИЕ

Ана Ололовска

Македонија домаќин на состанок на министри за здравство на ЈИЕ

Наум Локоски