19-годишната Бетина открива се повеќе потресни детали

Од:

Нови потресни моменти изнесуваат босанските медиуми за малтретирањето на младата германка Бетина Сигнер, по апсењето на брачниот пар Миленко и Славица Маринковиќ.

19-годишната Бетина открива се повеќе потресни детали за тоа како преживеала цела деценија децени со Маринковиќ. Раскажува дека првите години семејството постапувало добро со неа иако имала тешка физичка работа, но по 15-та година почнале да ја претепуваат и изгладнуваат. Најлошо кон неа се однесувала најстарата ќерка, Моника која ја тепала со стапови, шипки и ремени. Ова се случувало кога прегладнетата Бетина ќе земела храна.

Во една пригода семејството „монструм“ ја држеле без храна дури седум дена, па морала од куќата да украде парче леб и малку месо. Се скрила во шумата за да ги изеде, а таткото откако го открил тоа, ја фатиле и ја претепале, а синот на Миленко ја сечел со усвитен нож по лицето и рацете.

Бетина раскажала и за случајот кога постариот син Зоран, дошол во посета на Миленко и пијан ја фатил за глава и ја удрил во ѕид. Истото и го правел и помалиот син Дарко, кога бил во куќата.

Двапати се обидела да побегне од пеколот, но семејството ја наоѓало и секогаш била казнувана.

Психолозите утврдиле дека девојката нема ментално заболување, како што тврделе Маринковиќ и се правдале дека затоа никогаш не ја пуштиле на училиште. Вештачењето покажало дека таа била свесна за се што и се случувало, а малтретирањето врз неа оставило тешко психички последици.

Бетина кажала дека би сакала да отиде во Австрија или Германија и таму да продолжи со нормален живот. Нејзината мајка, која живее во Германија пак уверува дека приказните за малтретирањето биле лажни, а Миленко кон Бетина се однесувал како кон сопствена ќерка.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина