174 новозаразени и четворица починати од коронавирус во Бугарија

Од:

Во изминатото деноноќие во соседна Бугарија евидентирани се вкупно 174 новозаразени со коронавирус од направени вкупно 2.775 тестови, пренесоа бугарските медиуми.

Новите случаи се регистрирани во Благоевград – 7, Варна – 17, Велико Трново – 6, Добрич -1, Пловдив -13, Сливен -7, Разград -5, Пазарџик -6, Стара Загора -9, а најмногу има во Софија и нејзината околина – 86.

Во земјата потврдени се вкупно 5.914 случаи на коронавирус, додека 2.664 се активни, а вкупно 3.000 лица се излекувани. Досега во Бугарија починале 250 лица, а четири од случаите се од последното деноноќие. Починатите се на возраст од 53 до 76 години.

Во болниците има 470 пациенти позитивни на коронавирус, а од нив 29 се наоѓаат во интензивните одделенија.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина