17 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор

Од:

Пред 17 години на 21 ноември е потпишан Дејтонскиот договор со што заврши тригодишната војна во Босна и Херцеговина (1992-1995).

Договорот е потпишан во воената база Рајт-Патерсон во близина на американскиот град Дејтон од страна на тројцата политички лидери на Србија, на Бих и на Хрватска – Слободан Милошевиќ, Алија Изедбеговиќ и Фрањо Туѓман.

Правниот акт е парафиран во присуство на тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер и на главните американски посредници Ричард Холбрук и генерал Весли Кларк.

Дејтонскиот договор односно Општиот рамковен договор за мир официјално е потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата во Париз, со што БиХ официјално стана држава со два ентитета – Република Српска и Федерација БиХ.

Денот на воспоставување на Општ рамковен договор за мир во БиХ е 21 ноември и е празник и два дена се неработни во РС, но не и во Федерацијата БиХ.

 

 

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски