Знакот за доларот, симбол на моќ. Но, чија моќ?

Од:

Знакот за денешниот американски долар „$” потекнува од времето кога доларот не ни постел

Нешанл џеографик – Вашингтон

Кратенката за денешниот американски долар „$”, која е популарен симбол во поп-културата, а некаде и симбол на моќта, алчноста и богатството, потекнува од времето кога доларот не ни постоел.

Кога Фердинанд Втори Арагонски ги протерал Маврите од Шпанија во 1492 година, посакал својот триумф да го одбележи со додавање на вертикална линија на семејниот грб, кој би ги претставувал двата столба на Херкулес.

Заземајќи го Иберискиот Полуостров, тој презел контрола и над Гибралтарскиот Теснец, каде според добро познат мит, се наоѓаат и столбовите на Херкулес.

Грчкиот јунак извршувајќи ги своите дванаесет задачи, поставил столбови на Гибралтарската Карпа во Европа и на Џебел Муси во Африка.

Така, хералдичките столбови на Фердинанд биле украсени со лента на која пишувало „Плус ултра“, бидејќи истата година Колумбо го открил Новиот свет.

Кога Шпанците почнале од тој нов свет да носат сребро и злато, новоискованите монети биле одбележани со два столба со лента означувајќи ја власта на Фердинанд.

Првите американски долари, исковани по примерот на шпанските пезоси потекнуваат од 1794 година.

Со време двете линии преку буквата „S“ се претвориле во една, иако денес некаде се употребува знак и со две вертикални линии.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна во однос на еврото

Падна вредноста на доларот

Доларот зајакнува петта недела по ред

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски