Златните риби можат да насочуваат роботски возила кон копно

Од:

Истражувачи од Универзитетот „Бен-Гурион“ во Беершеба, Израел, открија дека вродените навигациски способности на златната риба ѝ овозможуваат да насочува роботско возило кон копно. Но, тоа – доколку таа добие награда во облик на храна за тоа.

За да го спроведе својот необичен експеримент, тимот постави аквариум со риби на моторизирани тркала. Систем од камери потоа ги снима движењата на рибата во водата и ги претвора во насоки за навигација – ефективно поместување на уредот во насоката во која рибата се судира во стаклото. Рибата потоа „го насочува“ возилото кон визуелна мета – обоен знак на ѕидот од просторијата за експериментирање кој може да се види низ проѕирните страни на аквариумот.

Кога рибата го насочува возилото кон знакот, таа добива храна како награда.

„По неколку дена вежби, рибата се насочува кон целта“, се вели во соопштението од научниот тим. – „Покрај тоа, таа можеше да го стори тоа дури и ако е прекината во средината со тоа што ќе удри во ѕид и не беше измамена од лажни цели поставени од истражувачите“.

Написот објавен во списанието „Бихејвиорал брејн рисрч““ (Behavioral Brain Research) посочува дека „навигациската способност е повеќе универзална отколку специфична за околината“, истакна Шахар Гивон, докторант на научниот оддел на универзитетот којшто работеше на експериментот.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ