Зендаја „оживеа“ фустан стар 30 години

Од:

Познатата актерка Зендаја често ја воодушевува публиката и модните критичари со комбинации на облека, а последната креација ги надмина сите очекувања.

За промоција на втората сезона од серијата „Еуфорија“, Зендаја избра ретро фустан стар 30 години, кој првпат имавме можност да го видиме на ревијата на Валентино, далечната 1992 година.

Црно-белите хоризонтални пруги, голите рамења и кројот налик на корсет ја истакнуваат витката линија, го издолжуваат телото и суптилно го истакнуваат струкот, а Зендеја тоа го претстави на многу софистициран начин.

Пред три децении овој модел го носеше познатата манекенка Линда Евангелиста, која тогаш беше црвенокоса, па актерката реши да стане црвенокоса за промоцијата на филмот, но во малку потемна нијанса.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска