Зелен ден: Секој понеделник без риба и месо во Франција

Од:

Повеќе од 500 познати личности во Франција се обврзаа дека секој понеделник нема да јадат месо и риба во рамки на кампањата „Зелен понеделник“, чија цел е промена на навиките во исхраната.

„Веруваме дека постојат значителни причини за колективно да се намали конзумирањето месо во Франција. Мислиме дека секој може да направи барем еден чекор во тој правец“, се наведува во заедничката изјава на познатите.

Меѓу нив се и актерката Изабел Аџани, Жулиет Бинош, математичарот Седрик Вијани, новинарите Стефан Берн и Матје Видар, научниците Ориен Баро, Лоран Бег и Никола Трек, како и бројни нутриционисти и активисти за заштита на животните и животната средина.

Некои од потписниците со години се вегетаријанци, додека останатите се обврзаа дека секој понеделник во 2019 година нема да јадат месо и риба.

Акцијата „Зелен понеделник“ официјално почнува следниот понеделник. Потписниците очекуваат да им се приклучат и други граѓани на веб-страницата www.lundi-vert.fr.

Весникот „Монд“ наведува дека во многу земји постои акцијата „Понеделник без месо“, но Французите ја вовеле и рибата.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов