Здравствен извештај на Штада за ноември 2022 година: Европејците ги загрижува сезоната на грип  

Од:

Зголемениот страв од секаков вид вирусни инфекции е една од последиците од пандемијата на ковид 19, покажува здравственото истражување на компанијата Штада, кое опфати над 30 000 испитаници во 15 земји, меѓу кои е и Србија. Ладните есенски денови ја отвораат сезоната на настинки и грип. По две години пандемија со ковид, многумина Европејци чувствуваат непријатност и на самото спомнување на поимот вирусни инфекции, стравуваат и од нови мутации на вирусот корона и од други слични инфекции.

За третина маските се посакувани

Во Србија, резултатите на Штадиното истражување покажуваат дека 45 % од граѓаните имаат намера и понатаму да држат растојание како мерка за заштита од респираторни инфекции, 36 % ќе продолжат редовно да ги дезинфицираат рацете, а третина од нив секојдневно ќе носат маски. Иако маските во повеќето земји веќе не се задолжително средство за заштита, многу се посакувани и меѓу Шпанците – 52 %, Португалците – 44 % и Италијанците – 41 %.Истражувањето открива и дека денес 43 % од Европејците се загрижени како ќе реагира околината доколку киваат и кашлаат во јавност. Оваа грижа е посебно изразена меѓу Австралијанците (55 %), Португалците (53 %) и Србите (52 %), додека за туѓото мислење по ова прашање помалку се грижат Германците (39 %), а уште помалку Шпанците (30 %).

Србите ги сакаат додатоците во исхраната

Водејќи се од народната поговорка подобро да се спречи отколку да се лечи, Европејците најчесто земаат витамински и минерални суплементи за да го зајакнат имунолошкиот систем и да избегнат кашлање, кивање или зголемена температура. Додатоците во исхраната, доколку се земаат редовно и во препорачаната доза, секако дека можат да бидат поддршка на јакнењето на одбранбената сила на организмот. Штадиното истражување покажува дека витаминските и минерални препарати се најпопуларни во Источна Европа и на Балканот. Почесто ги користат жените (54 %) отколку мажите (44 %).

Граѓаните на Србија предводат во наклоноста кон додатоците на исхрана, па дури 69 % од нив земаат препарати за јакнење на имунолошкиот систем. Во чекор ги следат Чесите со 66 %, Романците со 64 % и Полјаците со 59 %.

На овој вид превенција помалку се склони Германците со 26 %, Французите со 26 %, Холанѓаните со 24 %, Белгијците со 23 %, Австријците со 22 %. Сепак, само нешто помалку од една петтина (18 %) од возрасните Европејци велат дека не земаат никакви додатоци во исхраната. Кога се во прашање природните лекови и растителни препарати, нив ги користат само 26 % од Европејците во одбрана од вирусни инфекции. Истражувањето во овој случај покажа дека најголеми поборници за природните лекови се граѓаните на Романија со 45 % и Србија со 41 %.

Антрфиле (ако се мисли на ударен дел, дали може да стои Подвлекуваме)

Веќе деватта година по ред, мултинационалната компанија Штада организира испитување на јавното мислење на европската популација по прашањето за здравствените навики и односот кон здравјето. Со Здравствениот извештај на Штада за 2022 година, опфатени се 15 земји: Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела