Здрави оброци со ликовите од цртаните филмови

Од:

Лалех Мохмеди е 35-годишна мајка која за својот син подготвува вкусни оброци со ликови од цртаните филмови. Нејзиниот труд и креативноста привлекуваат сѐ повеќе следачи.

Сѐ почнало пред шест години, кога палачинките за синот ѝ, „ги претворила“ во лав, кои нему многу му се допаднале, па сакал уште слични порции со неговите јунаци. Така двајцата почнале да минуваат повеќе време во кујната, а и учат повеќе за здравата исхрана.

– Купувам свежи производи без рафиниран шеќер и конзерванси. Исто така користам активен јаглен во прав и природни бои добиени од зеленчук, за да ги подготвам сите оброци, изјави Лалех.

Нејзиниот Инстаграм-профил „Jacob’s Food Diaries“ за еден месец стана хит и го привлече вниманието на списанијата како „Тајм“ (Time) и „Хафингтон пост“ (Huffington Post).

Следуваат и соработки со „Дизни“, „Никелодеон“,„Јуниверзал пикчрс“, фудбалскиот клуб Барселона, Џејми Оливер и „20 сенчри фокс“.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов